Датум на објава: 18.09.2023

Краен рок на аплицирање: 25.09.2023
Работно време: Пола работно време

Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во периодот од јануари 2021 до јануари 2026 година го спроведува проектот насловен Проект на УСАИД за инклузија на Ромите и во периодот од јуни 2021 до јуни 2025 година го спроведува проектот Заедно за просперитетна заедница. Двата проекти се финансирани од УСАИД – Македонија, а се спроведуваат во партнерство со Здружението на граѓани – РОМАВЕРЗИТАС и Здружение на граѓани – Иницијатива за економски развој на Ромите – РЕДИ.

Опфатени општини: Дебар, Виница, Кочани, Куманово, Гостивар, Прилеп, Штип, Тетово, Кичево, Берово, Струмица, Радовиш, Кавадарци, Битола, Чаир, Шуто Оризари, Крива Паланка, Велес, Неготино, Ѓорче Петров, Делчево.

Целта на проектот насловен Проект на УСАИД за инклузија на Ромите е да го зголеми капацитетот на ромските лидери во заедницата како и да овозможи нивно вклучување во Националната стратегија за имплементација на Роми, Стратегијата едно општество и вклучување во процесот на дизајнирање на локални акциони планови за Роми.

Исто така со овој проект се предвидува процес на развој предводен од заедницата во дваесет општини каде се ставени во функција канцеларии во кои ќе се даваат услуги и информации поврзани со правна, социјална заштита и поддршка на социјално претприемништво.

Примарниот фокус на проектот Заедно за просперитетна заедница е поддршка на креирањето мрежи и соработка помеѓу релевантни чинители вклучувајќи ја локалната самоуправа, приватниот сектор, донаторски организации, Ромската дијаспора, граѓански организации и останати засегнати страни во процесот на воспоставување на одржливи механизми за мобилизација на ресурси, потребни за активности кои ќе придонесат за развој на заедницата. Во локалните активности предвидено е Ромската заедница да планира, учествува во финансирањето и имплементира решенија за развојните предизвици и приоритети.

Целта на овој проект е воспоставување и промовирање на одржливи системи за локален развој кои ќе бидат иницирани од страна на Ромската заедница, обезбедена преку локални акции креирани согласно приоритетните потреби на заедницата. Овие локални акции ќе бидат координирани со сите локални чинители кои ќе придонесат за себеодржливоста на локалниот развој во општината.

 

  1. Ангажирање на бизнис фацилитатори

Бизнис фацилитаторот треба да обезбеди техничка поддршка на претприемачите/ бизнисмените за развој на нивниот бизнис, како и поврзување на ромската заедница со можностите за вработување. Бизнис фацилитаторот истовремено треба да ги препознава и мапира предизвиците, потреби и можности на ромската заедница и бизнис секторот за зголемување на нивниот /бизнис, вработување и економско зајакнување.

Должности и одговорности на бизнис фацилитаторот:

  • Идентификување (мапирање) на потребите на ромските претприемачи, ромската заедница и можностите за економско зајакнување;
  • Активно промовирање на програмата во заедницата преку спроведување и учествување на различни активности предвидени во рамки на проектот;
  • Обезбедување на техничка поддршка и бизнис совети за Ромските претприемачи;
  • Поврзување на Ромската заедница и претприемачите со релевантни институции;
  • Информирање на Ромската заедница и претприемачите за можностите и потребни ресурси за економско зајакнување
  • Собирање и следење на податоците за вработување на Ромската заедница, и зголемување на бизнисот на претприемачите;
  • Организирање состаноци на локално ниво со клучните засегнати страни: локални лидери, успешни претприемачи, сопственици на пазари, невладини организации, локални инкубатори, други релевантни проекти и ресурси, со цел мапирање на постојните ресурси и нивно поврзување со програмата и понатамошно олеснување на претприемачите до пристап до нив;
  • Поддршка на претприемачите/невработените лица во процесот на регистрација на бизнис и поддршка за искористување на мерки од АВРМ;

 

  1. Ангажирање на правни монитори

Правните Монитори треба да обезбедат мапирање, идентификација на проблемите на ромската заедница во полето на правно зајакнување и заштита на нивните човекови права. Правните монитори треба да понудат помош на ромската заедница во искористување на нивните права и услуги пред различни институции на локално ниво.

Должности и одговорности на правен монитор:

  • Советување и упатување до релевантни институции;
  • Поддршка во пишување на различни поднесоци до институции (жалби, молби, барање, изјави);
  • Мапирање случаи на прекршувања на човекови права;
  • Посета на ромски домаќинства за идентификување на проблеми;
  • Придружба за застапување на одреден случај до адвокат;
  • Присуство на обуки, работилници и други активности предвидени со проектот;
  • Учество на состаноци, обуки, настани и други проектни или организациски активности во согласност со потребите проектот поддржан од УСАИД;
  • Информирање на заедницата во различни области;

 

  1. Ангажирање на мобилизатори на заедницата

Мобилизаторите на заедницата треба да ја организираат ромската заедница на локално ниво, да ги идентификуваат проблемите и потребите на заедницата, како и да понудат поддршка за решавање на проблемите вклучувајќи застапување пред институции и мотивирање на заедницата за преземање на различни иницијативи и одговорност на институциите за решавање на проблемите на заедницата.

Должности и одговорности на мобилизаторот на заедница:

  • Мапирање на приоритетните локални проблеми на ромската заедница;
  • Претставување и застапување на локалните проблеми пред ромската заедница и релевантни институции;
  • Организирање на работни состаноци со различни институции на локално ниво;
  • Организирање на дијалози со заедницата за релевантни прашања на локално и национално ниво;
  • Одржување и унапредување на односите и довербата со ромската заедница на локално ниво и институциите;
  • Логистичка поддршка за подготовка на активности во рамки на проектот;
  • Учество на состаноци, обуки, настани и други проектни или организациски активности во согласност со потребите проектот поддржан од УСАИД;

 

  1. Ангажирање на теренски соработници за бизнис и претприемништво

Теренските соработници треба да имаат познавање од областа на бизнис и претприемништво, локалниот контекст поврзан со постоечките бизнисмени во регионот во којшто ќе делуваaт. Теренските соработници треба да поседуваат одлични комуникациски вештини за понатамошна соработка со засегнатите страни со цел да се овозможи синергија на ресурси поврзани со локалните акции идентификувани од страна на заедницата.

Задачи и одговорности:

  • Идентификување (мапирање) на Роми бизнисмени;
  • Идентификување (мапирање) на општествено одговорни компании;
  • Соработка со засегнатите страни (Роми бизнисмени и општествено одговорни компании) за генерирање на поддршка и потребни ресурси за локалните акции;
  • Воспоставување на иновативни модели за генерирање на ресурси;
  • Вклучување на бизнис заедницата во процесот на дизајнирање и имплементација на локалните акции;
  • Активно промовирање на целта на проектот во заедницата преку спроведување и учествување на различни локални активности предвидени во рамки на проектот;

 

  1. Ангажирање на теренски соработници за заедница и дијаспора

Теренските соработници потребно е да имаат познавања од областа на мобилизирање на локалната заедница и способности за идентификување на дијаспората во регионот во којшто ќе делуваат. Теренските соработници исто така треба да имаат познавање од локалниот контекст поврзан со локалната заедница и дијаспората, а воедно  да поседуваат одлични комуникациски вештини, со цел да се овозможи синергија на ресурси поврзани со локалните акции идентификувани од страна на заедницата.

Задачи и одговорности:

  • Идентификување на членови од ромската заедница за поддршка на локалните акции;
  • Идентификување (мапирање) на ромската дијаспора од локалната заедница во регионот каде што ќе делува консултантот;
  • Соработка со засегнатите страни (локална ромска заедница и дијаспора) за генерирање поддршка и ресурси потребни за локалните акции;
  • Воспоставување на иновативни модели за мобилизирање и самоорганизирање на заедницата и дијаспората;
  • Вклучување на заедницата во процесот на дизајнирање и имплементација на локалните акции;
  • Активно промовирање на целта на проектот во заедницата преку спроведување и учествување на различни локални активности предвидени во рамки на проектот;

 

  1. Ангажирање на теренски соработници за алумни

Теренските соработници треба да имаат познавање од студенти и алумни односно поранешни стипендисти на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) и Министерството за Образование и Наука (МОН). Исто така, теренските соработници треба да го познаваат локалниот контекст поврзан со студентите и поранешните стипендисти во регионот во којшто ќе делува. Теренските соработници треба да поседуваат одлични комуникациски вештини за понатамошна соработка со засегнатите страни со цел да се овозможи синергија на ресурси поврзани со локалните акции идентификувани од страна на заедницата.

Задачи и одговорности:

  • Идентификување на поранешни стипендисти и студенти од ромската заедница во регионот каде што ќе делува консултантот за поддршка на локалните акции;
  • Соработка со засегнатите страни (студенти Роми и поранешни стипендисти) за генерирање поддршка и ресурси потребни за локалните акции;
  • Воспоставување на иновативни модели за мобилизирање и самоорганизирање на студентите и алумните;
  • Вклучување на алумните во процесот на дизајнирање и имплементација на локалните акции;
  • Активно промовирање на целта на проектот во заедницата преку спроведување и учествување на различни локални активности предвидени во рамки на проектот;

 

Критериуми за аплицирање:

  • Завршено средно или високо образование;
  • Искуство во работа со ромска заедница;
  • Желба и подготвеност за работа на терен;
  • Познавање на Англиски и Ромски јазик ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на Microsoft Office;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Организациски вештини;
  • Познавање и разбирање на локалниот контекст на ромската заедница во нивните локации;
  • Препознатлив/а во ромската заедница;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Чувство за колективен интерес на ромската заедница и мотивираност за позитивни промени за заедницата на локално и национално ниво;
  • Личност од доверба и интегритет;

 

Начин и потребни документи за аплицирање:

  1. Лична биографија – CV
  2. Мотивациско писмо кое треба да одговори на следниве прашања: Зошто аплицирате за работната позиција? Ве молиме, наведете какво било релевантно искуство за кое сметате дека ве прави соодветни за оваа позиција, вклучувајќи ги и вашите најзначајни достигнувања. (максимум 700 зборови)

 

Документите за апликација треба најдоцна да се достават до 25 септември 2023 година (17:00 часот) и истите  треба да се испратат на следниот емаил: [email protected] со наслов: Апликација за теренски соработник.