СКОПЈЕ, 1-2 ноември – 30 судии и јавни обвинители ги усовршија своите вештини во антидискриминација, антициганизам и судската практика на Европскиот суд за човекови права. Преку неколку прилагодени сесии, учесниците дознаа повеќе за конкретните пресуди на ЕСЧП во однос на забраната за дискриминација и член 14 од Европската конвенција за човекови права, како и спецификите на антициганизмот како специфичен облик на дискриминација и расизам насочен кон Ромите.

На една од сесиите, д-р Билјана Котевска се осврна на пристапот на Европскиот суд за човекови права при решавањето на случаите на дискриминација на Роми и Ромки. На другите сесии, судиите и јавните обвинители дискутираа и дознаа повеќе за антициганизмот и дискриминацијата на Ромите, а Игор Јадровски и Исмаил Камбери од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го претставија локалниот контекст со конкретни локални примери на случаи на дискриминација и претставки пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Сенада Сали од Европскиот центар за правата на Ромите елаборираше за пресудите на Европскиот суд за човекови права, со посебен осврт на пресуди во однос на Северна Македонија кои се однесуваат на Роми и Ромки и го сподели искуството на организацијата во застапувањето случаи пред ЕСЧП.

Двете сесии за градење капацитети беа организирани како заедничка иницијатива на програмата на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ и проектот „Борба против омраза и нетолеранција во Северна Македонија“ и заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, ROMACTED фаза II, граѓанската организација „РОМАЛИТИКО“, како и Академијата за судии и јавни обвинители и Европскиот центар за правата на Ромите.