Со поддршка на РОМАКТЕД Фаза II спроведени се 10 работилници во исто толку општини во рамки на глобалната кампања 16 дена активизам против родово базирано насилство која оваа година се одржува под слоганот “Обединето: Инвестирајте за да го спречите насилството врз жените и девојчињата”. Целта на работилниците беше да се подигне свеста за постоењето на родово базирано насилство врз жените и девојчињата како и да се препознае, превенира и реагира на ваквото насилство.
Работилниците кои што се одржаа во општините Шуто Оризари, Тетово и Кочани беа реализирани во соработка во соработка со проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, кој се имплементира преку програмата на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. Со овие три работилници беа опфатени повеќе од 150 жени, девојки и млади.
Во општините Прилеп, Битола, Берово, Делчево, Виница, Крива Паланка и Дебар работилниците се реализираа во соработка со Министерството за труд и социјална политика, членовите на институционалните работни групи, Центрите за социјална работа, Министерството за внатрешни работи, судовите, координаторите за еднакви можности и Комисиите за еднакви можности. Во овие седум општини беа опфатени повеќе од 600 граѓани.
Денес е предвидено да се реалира и 11 работилница во општина Струмица.
Повеќе за спроведените работилници може да дознаете од доленаведите вести.
Кочани
Општина Кочани: https://bit.ly/3TfeDBY
Гласно: https://bit.ly/3GxAqx6
Комарец: https://bit.ly/3Tf4LIj
Радио Кочани: https://bit.ly/3T8OFQs
Актуелности: https://bit.ly/486nE4l
Канал 8: https://bit.ly/4a7DltW
Прилеп
Општина Прилеп: https://bit.ly/47FU1XM
Битола
Општина Битола: https://bit.ly/48262qj
Апла: https://bit.ly/46Ooz8C
Виница
Канал 8: https://bit.ly/4a7DltW
Дебар
Општина Дебар: https://bit.ly/3GA1cVD
Берово
Општина Берово: https://bit.ly/3RzU2a4
Делчево
Општина Делчево: https://bit.ly/48absje
Крива Паланка
Општина Крива Паланка: https://bit.ly/41diG3p